Што ќе менуваме сега? Фон дер Лајен следната недела повторно во посета на Скопје!
Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен следната недела пристигнува во посета на Скопје. Ова вечерва го најави министерот за економија, Крешник Бектеши.
-Претседателката Фон дер Лајен наредна недела доаѓа во земјава и може ќе објави што ќе следи како помош од Европската комисија за нас. Генерално, јас очекувам ЕК и ЕУ да дадат поголема поддршка за нас, затоа што сме направиле поголеми остапки, се со цел да покажеме дека сме дел од ЕУ. Сѐ што се носи од ЕК како санкции и како одлуки, ние веднаш го применуваме во нашата држава. Една мала земја како нашата, очекува некаква поддршка, затоа што имаме поголеми ризици, рече Бектеши во емисијата „24 отворено“.
Фон дер Лајен последен пат беше во земјава на 14-ти јули годинава, пред прифаќањето на францускиот предлог-преговарачка рамка на Македонија со ЕУ. Фон дер Лајен тогаш покрај со државниот врв се сретна со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…
Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…
Растот на индустриското производство во вториот квартал…
Од 1.670 евра до над 2.150 евра…
Пазарот на недвижности во Европа продолжува да…