Научници развија нов сој на коронавирус
Истражувачи од американскиот универзитет Бостон соопштија дека развиле нов сој на коронавирус по низа слични експерименти во светот, со цел да се борат против нови пандемии.
Новиот сој претставува комбинација од омикрон и оригиналната варијанта од Вухан, а истражувањето го спроведе тим научници од Флорида и Бостон, јави „Фокс њуз“.
Евидентирано е дека глувците реагирале на хибридниот сој и утврдено е оти петпати е позаразен од исклучително заразниот омикрон.
Се истакнува дека смртноста кај глувците била 100 отсто од првобитниот сој, а 80 проценти кај хибридната варијанта.
Кога тие биле изложени само на омикрон, имале благи симптоми.
Како што појаснија научниците, истражувањето е одобрено од Агенцијата за биолошка безбедност, како и од Бостонската комисија за јавно здравје.
Според нив, истражувањето ќе биде корисно за борбите против нови пандемии.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хеликоптер слета среде полна плажа во Грција:…
Хеликоптер денеска слета на плажа полна со…
Уапсен Македонец во Прибој: Подготвувал ликвидација за…
Припадници на Министерството за внатрешни работи на…
Полски аплинист падна во недостапен предел на…
Голема спасувачка операција започна денес откако полски…
Пожарот кај Струмица ставен под контрола, огнот…
Големиот пожар што избувна денеска околу пладне…
Италија со нов систем за пресметка на…
Возачите што патуваат низ Италија би можеле…