(Видео) Генералниот секретар на Град Скопје: Во моментов функционира нова коалиција на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

t

На денешниот протест на ЈСП Скопје пред Владата на Македонија, генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров откри коалиција меѓу двете најголеми партии во државава СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

,,Во моментов функционира нова коалиција на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ” , откри генералниот секретар на Град Скопје. ЈСП нема да дозволи било какви уцени, закани, притисоци и обиди за саботажи да го нарушат работниот процес на претпријатието, ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните и само на граѓаните, додаде Глигоров.

Инаку, проблемите поврзани со јавниот градски превоз за граѓаните започнаа уште рано утринава. Имено, автобусите на ЈСП „Скопје“ не превезуваа патници поради како што подоцна и официјално беше соопштено, дојава за бомба во автобус.

Од ЈСП „Скопје“ излегоа со официјално соопштение со кое ги информираа патниците дека утрово по налог на МВР, сите возила на ЈСП „Скопје“ биле повлечени од сообраќај поради анонимна дојава за поставена рачна бомба во едно од возилата. По повлекувањето на автобусите, екипи за антитероризам излегле на терен и постепено возилата како што велат започнале да се вклучуваат на линија по претходна соодветна безбедносна проверка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Етиопија и Еритреја трупаат војска, расте стравот…

Етиопија и Еритреја распоредиле дополнителни сили долж…

Илон Маск: „Премногу се зборува дека Украина…

Американскиот милијардер и сопственик на компанијата „Спејс…

Путин ја презема одговорноста за нападите на…

Рускиот претседател Владимир Путин призна дека Москва…

Oбид за убиство во гостиварско Чегране

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе…

Димовски: Србија го следи примерот на македонската…

Политичките случувања и протестните движења во Србија…