Арсовска во советниците од ВМРО-ДПМНЕ: Ако целта беше да му се помогне на ЈСП ќе гласавте наместо да читате говори нарачани од министерот за опозиција

t

Да дојдеме до еден единствен заклучок ако се сакаше да се изгласа оваа точка за бенефит на Градот, ЈСП и граѓаните, не требаше да се драми и да се фрлаат политички флоскули или да кажува што му е нарачка од штабот или од шпицниот градоначалник или по ново министерот за опозиција, рече на денешната вонредна седница на Градот Скопје градоначалничката Данела Арсовска.

– Целта беше да се драми, да не се побара одговорност за оние ликови кои го доведоа ова претпријатие во милионски долгови, за сега одеднаш да ви е виновна градската власт.

Имате управен одбор во ЈСП, вие директно управувате и барате одговорност еве нека си дадат оставка сите од управниот одбор, и директорот па ќе најдем некој попаметен, ама не вие сакате да си оди оној кој на вас не ви одговара.

И повторно хипокризија за училиштата, вие ги гласавте само училиштата кои се раководени од ваш кадар, јас како градоначалник кажав дека благодарам многу, ја поддржуваме оваа иницјатива, а вашата желба за бесплатен јавен превоз ќе ја видиме во гласањето за следниот буџет каде ќе се интегрира беплатниот јавен превоз.

И не е едноставно тоа што не е направено во изминатите години, зошто не го направил вашиот директор Јанушев? Сакате да деградирате луѓе, јас ја поддржувам оваа иницијатива, а треба да го поддржите и ребалансот на буџетот за да не се задржуваат луѓето. Доколку оваа одлука се донесе денеска неопходно е да се одвојат средтва за да не се вооведеме во нова блокада, а повторно ве молам побарајте од останатите институции да си ги исплатат средствата што ги должат на ЈСП, истакна Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓорѓиевски: Завршена постапката за набавка на автобусите,…

Завршена е постапката за набавка на новите…

Протестен марш во Скопје за поддршка на…

Со почеток во 14 часот во Скопје…

Најавена е директна авиолинија меѓу Скопје и…

„Од почетокот на март следната година, ќе…

Зоолошката градина во Скопје слави 100 години…

По повод големиот јубилеј, 100 години од…

(Видео) Жестока тепачка на скопскиот аеродром, во…

На социјалните мрежи денеска се појавија видеа…