Јакимовски: Начекаа будали Македонци кои сѐ ќе дадат за ЕУ – Власта ѝ се додворува на Унијата

t

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, во емисијата „Студио 10“ на ТВ24 денеска ја критикуваше власта за преголемо додворување на ЕУ, кое додворување, според него дополнително го осиромашува македонскиот народ.

– Начекаа будали Македонци кои сѐ ќе дадат за ЕУ, рече Јакимовски.

Тој истовремено го искажа своето незадоволство од молчењето пред отворањето на бугарски културни клубови со имиња со фашистички контекст.

– Цар Борис е другар на Хитлер, таму да се стави и слика на Хитлер. што не направи тогаш српската заедница клуб за Павле Караѓорѓевиќ кој го потпиша Тројниот пакт. Ако властите се меки на овие прашања, тогаш доаѓаат избори на кои ќе паѓаат, рече Јакимовски.

Тој порача дека е „срамота една земја да дава пари за да се отвораат фабрики и да носи млеко од Хрватска и Германија, кога порано на домашното не се знаело што да му се прави“.

Јакимовски ја повика Владата да издвои два милиони евра за Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје, за да може возачите да поделат плата и да не штрајкуваат.

– Нѐ убива популизмот, а има големо покачување на нафтата, а цената на градскиот превоз е иста. Аналогно на тоа се покаќува и цената на деловите. Нормално е негде да пукне, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јакимовски: Имаме медиумска и трговска војна

Во вечерашната емисија на “Тешки муабети” каде…

Град Скопје ќе додели средства за сите…

Советот на Град Скопје на денешната седница…

Јакимовски со барање до надлежните распустот да…

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски апелира…