Бугарите ќе имаат “ротирачки” претседател на Собрание: ГЕРБ го прифати предлогот на ПП

t

ГЕРБ го прифаќа предлогот на „Демократска Бугарија” за ротирачко претседателство со 48. бугарско Народно собрание, заедно со „Промените продолжуваат”.

Ваквата одлука вечерва ја соопшти лично лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, по итниот состанок на Извршниот комитет на партијата, а неговата изјава директно ја пренесуваа бугарските медиуми.

-Бугарскиот народ не го заслужува ова што денеска се случи во парламентот, коментираше Борисов, кој кажа дека неговата партија не се инатела, и тоа го дополни со примерот од многу народни приказни и поговорки за овните на мост.

„Финансиска, политичка, миграциска, енергетска и секоја друга што ќе ја припишете кон кризава е факт, а политичарите продолжуваат да се грижат за тоа кој е претседател на Народното собрание на Бугарија”, рече Борисов.

Според него, „Да, Бугарија” и Христо Иванов дале разумен предлог и тој им се заблагодари за тоа.

Според него, важно е 48. Народно собрание на Бугарија веднаш да профункционира

Тој повика утре на претседателскиот совет да ја изразат поддршката за неговата партија, бидејќи овој предлог може да ја одблокира работата на Народното собрание, коментираше Борисов, обраќајќи им се на народните избраници од неговата партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонски пејачи ќе пеат во Бугарија на…

Втора година по ред во бугарското село…

Најголем број туристи од Бугарија и Русија,…

Србија во март ја посетиле 153.155 странски…

Земјотрес во Бугарија

Земјотрес е регистриран во четвртокот во 8…

Бугарија забрани реклами за коцкање, казина и…

Националното собрание на Бугарија конечно усвои целосна…

Хилари Клинтон ќе ја посети Бугарија во…

Хилари Клинтон доаѓа на специјален состанок на…