(Видео) “Да живее Путин”: Угостител во Франција исфрли две Украинки од ресторан!

t

Во Париз, проруски работник во ресторан исфрли две Украинки. Видеото од инцидентот на Твитер го објави заменик-градоначалникот на главниот град Жан-Лук Ромеро-Мишел.
Видеото го снимиле самите жртви. На снимката вработен во објектот објаснува дека го поддржува рускиот претседател Владимир Путин и со гест ги повикува гостите да го напуштат ресторанот.

„Да живее Путин! Збогум“, рече тој додека си заминуваа.

Ромеро-Мишел рече дека инцидентот во Ле Кози Монпарнас е „неприфатлив“. Според функционерот, неговите сопственици ќе треба да објаснат што се случило и да одговараат.
Претходно жителите на германски Лајпциг на антикризен митинг побараа украинските бегалци да ја напуштат Германија. Нивниот слоган беше фразата: „Нацисти, излезете!“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган: Турција е единствената што може директно…

Турција е единствената што може директно да…

Вучиќ му честиташе на Орбан за организирањето…

Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше по телефон…

Путин го разреши заменик шефот на неговата…

Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Дмитриј…

Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…

Трамп побара од ЕУ да го притисне…

Американскиот претседател Доналд Трамп побарал од Европската…