Бугарското МНР сами против себе: Неприфатливи се сите изјави што ја навредуваат другата страна!
Бугарија отсекогаш настојувала да ги зајакне и продлабочи пријателството и добрососедските односи со Македонија. Бугарија вложи многу труд за да ја реализира оваа цел во последните години, се наведува во соопштение на бугарското Министерство за надворешни работи.
Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, во оваа насока Министерството за надворешни работи на Бугарија нагласува дека секакви јавни изјави со кои се навредува или провоцира другата страна се апсолутно неприфатливи. Тие, се посочува, не го претставуваат официјалниот став на бугарската држава и обидите да се претстават како такви се неточни и знак на лоша волја.
Без оглед на бројните провокации против Бугарија и особено кон Бугарите во Македонија во последните месеци, бугарското Министерство за надворешни работи смета дека ваквиот говор е неприфатлив и крајно контрапродуктивен.
-Ваквите изјави не се во интерес на Бугарите во Македонија. Тие го одвлекуваат вниманието на јавноста од правичниот и легитимен стремеж на бугарската заедница за еднакви граѓански права, особено за слободно здружување и одбрана на нивното културно и историско наследство, се наведува во ставот на Софија.
Согласно духот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година меѓу Бугарија и Република Македонија, тие ги повикуваат политичарите и јавните личности од двете страни на границата да ги насочат своите напори и пораки за поддршка на процесот на обновување на довербата и воспоставување добрососедски односи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
18-километарска колона од камиони на бугарскиот граничен…
Втор ден сообраќајот околу граничниот премин „Капитан…
(Видео) Луѓе се затворија во кафез пред…
Протестна акција, во која доброволци деноноќно ќе…
Радев: Целосно забрануваме рекламирање на игри на…
„Воведуваме целосна забрана за рекламирање на игри…
Бугарија врати над два тони кисело млеко…
Бугарските власти не дозволиле влез на пратка…
Радев најави американски инвестиции во Бугарија за…
„Го прекинавме влијанието на олигархијата врз власта.…