“Драма” во ЕУ: Вотката што Путин му ја подарил на Берлускони е прекршување на санкциите!
Вотката, која според поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, рускиот претседател Владимир Путин му ја подарил за роденден, може да ги прекрши санкциите на Европската унија, пишува ДПА, повикувајќи се на претставник на Европската комисија.
„Земјите на ЕУ се одговорни за почитување на санкциите“, се вели во публикацијата.
ЕК истакна дека од април 2022 година е одлучено да се забрани увозот на алкохолни пијалоци од Русија во ЕУ. Воедно, како што додаваат од комисијата, нема исклучоци за подароци.
Претходно LaPresse објави дека Берлускони им рекол на сопартијците дека „се помирил со Путин“, а рускиот лидер му испратил 20 шишиња вотка за неговиот роденден.
Коалицијата на десниот центар победи на предвремените парламентарни избори во Италија за прв пат по Втората светска војна. Вклучува четири партии – „Напред Италија“ (на чело е Силвио Берлускони), „Лига на Северот“ (полно име „Северна лига за независност на Паданија“), „Браќата на Италија“ и „Ние умерените“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен: Време е за Европска…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Калас: ЕУ мора побрзо да се вооружува…
Европската унија треба да го забрза процесот…
Европската комисија ги повика земјите од ЕУ…
Европската комисија ги повика земјите-членки на Европската…
ВЛЕН: Партнерството со САД и проширувањето на…
Од Вашингтон до Њујорк, првиот вицепремиер и…
ЕУ отпушта 3 милијарди евра за Украина…
Амбасадорите на земјите од ЕУ потврдија дека…