„Купи карта за спас на ФК Тетекс“, апел од навивачката група Војводи

t

Навивачката група Војводи упати апел до граѓаните со купување на повеќе билети за следење на фудбалските натпревари да му помогнат на ФК Тетекс да се спаси од финансиски проблеми. За непречено да функционира клубот потребна е поддршка уште наредните две месеци до крајот на година.

– Низ историјата сме сведоци на многубројни успеси, но и падови. Дојде моментот кога треба сите заедно и сплотено како едно да донираме за спас на ФК Тетекс. Наша должност е да подадеме рака за спас, за Teтово, за македонштината, за идните тетовски генерации. Во таа насока, упатуваме повик до сите оние кои се љубители на спортот, кои го сакаат фудбалот, а пред се кои го сакаат ТЕТЕКС да помогнат така што ќе купат билети за преостанатите 7 натпревари до крајот на првата полусезона. На овој начин, секој од нас со симболични 100 денари да помогне на клубот во овие тешки денови на финансиска неиздржливост. Имено, картата за еден натпревар чини 100 денари, а може да се купат бесконечно многу карти согласно вашата финансиска можност, се вели во апелот на навивачката група Војводи.

Заинтересираните граѓани може да донираат и на жиро сметка чија цел е спас за Тетекс (број на сметка: 240190116799126 УНИ Банка-цел на дознака: спонзорство за спас на ФК Тетекс).

Билетите ќе може да се купат на неколку места и кафе барови низ Тетово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владините веб-страници навремено блокирани по заканите за…

Веб-страниците на владата и на министерствата беа…

Мицкоски: Регионалната соработка и создавањето нови можности…

 Премиерот Христијан Мицкоски денеска во рамки…

Унгарија разгледува замена на „Росатом“ во нуклеарниот…

Унгарија разгледува можност руската државна компанија „Росатом“…

Германија го подигна нивото на опасност од…

Германските вооружени сили првпат ја оценија заканата…

ММФ предупредува: Војната ја турка економијата на…

Меѓународниот монетарен фонд прогнозира дека економијата на…