Левица: Општина Центар даде нова “експресна” дозвола за градба на втора зграда кај Холидеј Ин
Од Левица реагираат дека Општина Центар дала “експресна” дозвола за градба на втора зграда кај Холидеј Ин, додека референдумската иницјатива на Левица не се става на дневен ред.
– Службите од секторот за урбанизам и градоначалникот на Општина Центар молчешкум и набрзина издале дозвола за втора зграда спроти Холидеј Ин!!
Од друга страна поднесеното барање од страна на советниците на Левица за спроведување на референдум за поништување на одлуката за ДУП-от спроти Холидеј ин воопшто не се става на дневен ред веќе неколку месеци!!
Ја потсетуваме јавноста дека на последното гласање советниците и на ДПМНЕ и на СДС избегаа од седница!
Со ваквото самоволно постапување на општина Центар граѓаните се ставаат во безгласна позиција и истите треба да живеат во хаосот кој општината го приредува.
Имено, без доволно добра оцена на односот помеѓу зеленилото и градежните активности во општина Центар и без слух за потребите на граѓаните општина Центар тоне во градежни активности! А сето тоа благодарение на неспособноста на СДС и ВМРО кои очигледно имаат корист од ваквата состојба па се плашат од одговорот на народот кој би ги поништил овие несоодветни одлуки!
Левица бара од советниците и градоначалникот на општина Центар да не се кријат и да го стават референдумот поднесен од Левица на дневен ред со што би се спречил овој куршлуз во кој ја ставија Општина Центар и нејзините жители! – реагираат од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица до Филипче и Мицкоски: Немаме хипотеки…
Присуството на Левица на јавната трибина „Што…
Општина Центар два месеца не издала одобрение…
Министерката за образование и наука Весна Јаневска…
АФД победи на покраинските избори во Мекленбург-Западна…
Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) извојува победа…
Левица предлага студентскиот оброк да изнесува еден…
Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, на денешната…
52-годишна жена запалила тревна површина со дрвја,…
51-годишна скопјанка била лишена од слобода под…