МНР “се наострија”: ја осудува Декралацијата која забранува отварањето на македонски клуб во Благоевград

t

Министерството за надворешни работи ги осудува непримерните квалификации во содржината кои се однесуваат на македонскиот народ содржани во Декларацијата на Советот на Општина Благоевград.

Очигледно е дека ваквата декларација е во спротивност на интенцијата на двете Влади за градење доверба меѓу народите на двете земји, и со духот на Договорот за пријателство и добрососедство, чија основна цел е токму тоа, да промовира пријателство и меѓусебно почитување.

Уште еднаш потенцираме дека интерес на двете држави и на сите граѓани е унапредување на добрососедството и во оваа насока ги охрабруваме и локалните власти, но и сите други здруженија и групации за посебен фокус кон активности кои создаваат пријателство, меѓу-гранична соработка, економска, културна и туристичка размена, соодветно на духот на европската  соработка, велат од МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Номинирани амбасадори за Атина,Будимпешта,Сараево,Осло и Каиро

Поранешен директор на ЈП „Градски паркинг“, поранешна…

МНРиНТ: Тврдењата за постоење таен договор или…

Денешната прес-конференција на СДСМ е уште еден…

Муцунски: Две години активна дипломатија, посилни партнерства…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…

Димитровски: И да го смениме Уставот поради…

Заменик-министерот за надворешни работи, Зоран Димитровски, во…

МНР остро ги осуди најновите руски напади…

Министерство за надворешни работи и надворешна трговија…