Тетовската полиција пронашла ќесе со марихуана во грмушка покрај земјен пат – сопственикот вистинска мистерија!
Tетовската полиција инфомираше дека вчера се најдени десет килограми марихуана оставено во грмушка на земјен пат во правец кон селото Ѓермо. Полицајците околу 14 часот го нашле ќесето во кое била дрогата.
-На локален пат што ја поврзува тетовската населба Дреновец со селото Ѓермо, во грмушка на земјен пат, полициски службеници на СВР Тетово пронашле ќесе во кое имало околу 10 килограми марихуана. Извршен бил увид, а пронајдената марихуана била подигната за вештачење. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Воедно СВР Тетово информира дека во друг случај, вчера околу 9 часот на улица „Браќа Миладинови“ во градот лишиле од слобода тројца малолетници на возраст од 16 и 17 години од тетовските села Бродец, Долна Лешница и Долно Палчиште, кај кои била пронајдна марихуана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Двајца млади насилници од Идризово биле агресивни…
Двајца насилници од Идризово може на некое…
Австрискиот амбасадор Памер по вандализмот на Шар…
Амбасадорот на Австрија во Скопје, Мартин Памер,…
„Србија е европска велесила во гаснењето пожари“,…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека…
Историска мисија на НАСА: Во 2028 година…
Американската вселенска агенција НАСА официјално ја одреди…
Нов ценовен удар или поевтинување: РКЕ утре…
Регулаторната комисија за енергетика утре ќе носи…