“Голема загуба”: И Бугарија нема да учествува на Евровизија

t

Бугарија стана најновата земја во серијата откажувања која нема да учествува на Евровизија 2023.

Откако радиодифузерите од Црна Гора и Македонија веќе потврдија дека нема да учествуваат на натпреварот следната година поради зголемувањето на котизацијата, ним им се придружи уште една балканска земја – Бугарија. Како што пишува BBC, од земјите е побарано да одвојат повеќе пари за компензација на изгубените средства со забраната за учество на Русија.

Досега организаторот на натпревањето, ЕБУ, го потврди списокот од 37 земји учеснички за следниот Евросонг.

Колку плаќа секоја земја за учество на Евровизија не е јавна информација, но вкупната сума е околу 5 милиони фунти плус дополнителни трошоци што ги има домаќинот.

Бугарија, Македонија и Црна Гора не успеаја да го поминат полуфиналето на овогодинешното натпреварување.

BBC очекува да потроши помеѓу 8 и 17 милиони фунти за организирање на настанот, планиран за мај следната година, на местото на Украина, која победи годинава и не е во можност да го организира поради специјалната воена операција која во оваа земја ја врши Русија и поради кои истата е суспендирана. Ливерпул е градот домаќин главно поради неговата „културна понуда што ја става Украина во срцето на настаните следната година“, јавува BBC.

Русија даваше значителен финансиски придонес во продукцијата на Евровизија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најголем број туристи од Бугарија и Русија,…

Србија во март ја посетиле 153.155 странски…

Земјотрес во Бугарија

Земјотрес е регистриран во четвртокот во 8…

Бугарија забрани реклами за коцкање, казина и…

Националното собрание на Бугарија конечно усвои целосна…

Хилари Клинтон ќе ја посети Бугарија во…

Хилари Клинтон доаѓа на специјален состанок на…

1.325.900 луѓе во Бугарија живеат под прагот…

Во 2023 година, вкупната линија на сиромаштија…