Се огласи Роналдо: Ова е Манчестер Јунајтед, наскоро пак ќе бидеме заедно!

t

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо, изјави оти ги почитува соиграчите и стручниот штаб, и додаде оти верува дека наскоро ќе се врати во тимот од „Олд Трафорд“.

Роналдо се огласи синоќа на социјалните мрежи, откако клупското раководство претходно одлучи да го отстрани од тимот поради инцидентот за време на натпреварот против Тотенхем, кога португалскиот фудбалер одби да влезе во игра во финишот од клупата за резерви и предвреме го напушти теренот.

-Како и секогаш во мојата кариера, се трудам да живеам и играм, со полно почитување кон соиграчите, противниците и моите тренери. Тоа не се променило. Јас не сум се променил. Јас сум истата личност и професионалец каков што бев и во последните 20 години играње елитен фудбал, порача Роналдо.

Тој нема да биде во составот на Манчестер јунајтед во утрешното премиерлигашко дерби против Челзи, а следните денови нема да може да тренира ниту со првиот тим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…

Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…

(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава

Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…

„Кој е следен“ за изјавата на Мицкоски:…

Од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ испратија…

Андонов за Мицкоски: Можеби и затоа не…

Што мислите го познава ли Мицкоски поранешниот…

Ама премирот наш најави бум: Светска банка…

Глобалната економија ќе ја доживее најбавната деценија…