Се правда откако виде што го чека: Ние дефинитивно не го нападнавме мостот на Крим, вели Зеленски

t

„Ние дефинитивно не нарачавме такво нешто, колку што знам“, рече Зеленски во интервју за канадската ТВ мрежа CTV, а пренесува агенцијата ТАСС.

Утрото на 8 октомври одекнала експлозија на мостот на Крим – бил разнесен камион, по што се запалија седум цистерни со гориво од воз што се движел по железничкиот дел од мостот.

Како резултат на тоа, двете патни делници на Кримскиот мост делумно се урнаа, но лачните носачи не биле оштетени.

Четири лица загинаа, а рускиот претседател Владимир Путин изјави дека зад нападот што го оштети мостот на Крим стојат украински специјални служби.

Директорот на рускиот истражен комитет, Александар Бастрикин, инцидентот на мостот на Крим го нарече терористички напад, нагласувајќи дека зад него стојат украинските разузнавачки агенции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Франција го блокира пристапот до израелските штандови…

Франција го блокираше пристапот до штандовите на…

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…

До крајот на месецов ќе се знаат…

Процесот на избор на кандидати за градоначалници…

НАМЕСТО КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ М-НАВ ЗА СЕКОЈ…

По добиена согласност од Министерството за финансии,…

Макрон ја отфрла идејата на Трамп за…

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…