Да беше во Македонија ќе беше терорист: Советникот на Трамп осуден на 4 месеци затвор и парична казна за упадот во Капитол!
Советникот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп – Стив Банон, е осуден на четири месеци затвор и парична казна од 6.500 долари поради непочитување на Конгресот, јавува „Си-Ен-Ен“.
Судијата најави дека Банон нема да мора да одлежи затворска казна додека не се реши неговата жалба.
Банон има рок од 14 дена да поднесе жалба, а доколку не поднесе, има рок до 15 ноември да се пријави во затвор.
Тој беше осуден по четири точки за презир на Конгресот затоа што одби да сведочи пред Комисијата за инвазијата на Капитол на 6 јануари 2021 година, кога поддржувачите на Трамп одбија да ја признаат победата на Џо Бајден на претседателските избори.
Бенон беше еден од клучните советници на Трамп за време на изборната кампања во 2016 година, а потоа служеше како стратег на Белата куќа во 2017 година, пред да се скара со Трамп,
Нивните односи подоцна се подобрија.
Илјадници луѓе упаднаа во Капитол на 6 јануари 2021 година, по жесток говор во кој Трамп рече дека ги загубил изборите поради масовна измама и кражба на гласови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…
Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…
Голем пад на рејтингот на Трамп
Од март оваа година актуелниот претседател на…
Брижит Макрон и Доналд Трамп не го…
Првата дама на Франција Брижит Макрон предизвика…
(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…
Меланија Трамп мораше да интервенира и да…
Дали Меланија Трамп го прекрши протоколот за…
Католичката црква е позната по строгите правила…