(Видео)Османи: Македонското и бугарското МНР нема да дозволат киднапирање на ЕУ агендата од страна на провокатори

t

– Крајно време е да ги здружиме заедничкиот регионален пазар и Отворениот Балкан. И двете имаат иста цел и треба да бидат комплементарни, инклузивни и да ја почитуваат нашата потрага за усогласување со acquis. Тоа, исто така, би послужило за ставање на напорите на ЕУ, САД и Велика Британија под еден чадор за поддршка на регионот на Западен Балкан како област на слободни и еднакви граѓани.

Ова го порача шефот на дипломатијата Бујар Османи на состанокот на министрите за надворешни работи одржан во рамки на Берлинскиот процес чиј домаќин оваа година беше министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок Османи говореше и за потребата од унапредување на културата на дијалог и изнаоѓање компромисни решенија кои имаат за цел да дадат автентичен придонес во европеизација на земјите од регионот.

Меѓу темите кои беа дискутирани за време на состанокот беа и енергетската криза и потребата од солидарност од земјите членки на ЕУ, заштитата на животната средина и Зелената агенда, улогата на граѓанското општество и вклученоста на младите.

Во своето излагање, Османи се осврнал на предизвиците со кои се соочува Македонија и на мерките преземени за нивно поскоро решавање. Тој нагласи дека она што се смета за особено важно за нас е, од една страна, иницијативата за Берлинскиот процес да обезбеди поврзаност со ЕУ процесите, но истовремено и да се обезбеди меѓусебна комплементарност преку размена на позитивните искуства на земјите.

На состанокот на Берлинскиот процес министрите усвоија Декларација за имплементација на заедничкиот регионален пазар и потпишување на договорите за признавање на академски квалификации/дипломи, професионални квалификации и патување со лични карти во регионот.

Берлинскиот процес како процес комплементарен на евроинтеграцискиот процес на земјите од Западен Балкан, има за цел изградба на рамка за унапредување на односите меѓу земјите од регионот во насока на достигнување економски раст и развој, отворена пазарна економија и забрзување на реформскиот напредок во интерес на поскора интеграција кон ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Драма на небото над Бугарија: Авион на…

Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…

Во Бугарија паралелно се одржува и „Софија…

Овогодинешниот „Софија Прајд“, организиран во поддршка на…

УЖАС во Бугарија: 773 возрасни лица починале…

Општина Маглиж, Бугарија, откри застрашувачки податоци за…

Македонските и бугарските историчари повторно не се…

Предлог-препораки за македонските учебници за седмо одделение,…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…