(Фото) Завршија активностите за изведба на нов потпорен ѕид на булеварот „Борис Трајковски“ во населбата Пинтија

t

Градоначалничката на Град СКопје, Данела Арсовска информираше дека екипите на ЈП “Улици и патишта” ги завршиле активностите за изведба на нов потпорен ѕид во населбата Пинтија кој ќе го замени небезбедниот стар ѕид.

– Екипите на ЈП Улици и патишта ги завршија активностите за изведба на нов потпорен ѕид на булеварот „Борис Трајковски“ кај семафорите во населбата Пинтија. Целосно се отстрани стариот небезбеден бетонски потпорен ѕид кој беше паднат заради временските неприлики, се изработи проектното решение од ЈП Улици и патишта врз основа на кое се изведени армирачко бетонските работи на новоизградениот потпорен ѕид каде се постави дренажен систем.

ЈП Улици и патишта заедно со службите од Градот Скопје изведбата на потпорниот ѕид ја извршија по сите стандарди за долгорочно решавање на проблемите со наносот на вода врз овој потег, а соодветно ќе биде вратена во првобитна состојба и пешачката патека по должината на булеварот. 

#ЗаМодерноСкопје – напиша Арсовска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тројца лишени од слобода за разбојништво во…

На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…

Ја тепал сопругата за да му даде…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Парада на гордоста во Скопје на 21…

Шестата по ред Парада на гордоста ќе…

Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…

Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…

Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…

Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…