Владата и така и така, ама Господ сигурно не’ сака: Следуваат натпросечни температури за овој период од годината!
Нашата територија и понатаму во следните седум до десет денови ќе се наоѓа под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ. Времето ќе биде сончево, повремено со мала до умерена локална облачност, следуваат натпросечни температури за ова време од годината, објави метеорологот Славчо Поповски.
Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Само во недела ветерот повремено ќе засилува на интензитет и ќе биде од западен и од северозападен правец. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и на ниска облачност.
Температурите уште денес остануваат без поголеми промени во однос на оние кои ги имавме изминатите денови, додека од утре па натаму истите ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ и ќе бидат НАТПРОСЕЧНО високи и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 27 степени, додека во централните и во југоисточните предели температурите се очекува да бидат дури и малку повисоки. Потопло ќе биде и рано наутро со минимални температури кој на повеќе места ќе се искачат до околу 10 степени а во југоисточните предели и над 10 степени.
Во Скопје и околината и понатаму продолжува стабилното, суво и претежно сончево време. Во утринските и претпладневните часови ќе има појава на магла и на ниска облачност. Температурите ќе бележат тенденција на пораст и во следните денови максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 24 степени, вели Поповски.
Извор: Идол.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…
Метео: Од денес почнува снежната бајка во…
Времето наутро во оддделни котлини ќе има…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…
Денес времето облачно и магловито
Променливо облачно, по одделни котлини со услови…