Рама ѝ честиташе на Мелони: Албанија и Италија ги врзува античко и братско пријателство

t

Премиерот Еди Рама ѝ честиташе на Џорџа Мелони, која денеска и официјално ја презеде функцијата премиер на Италија.

Шефот на албанската влада во објава на Твитер и честита на првата жена избрана за премиер од италијанскиот народ.

Посакувајќи ѝ на својата колешка среќа и успех на функцијата премиер наведува дека Албанија и должи многу на Италија, со која „нè врзува античко и братско пријателство“.

Честитки за првата жена повикана од народот да ја води Италија, земја на која Албанија и должи многу и со која сме врзани со античко и братско пријателство, кое отсекогаш ги инспирирало односите меѓу нашите влади. Со среќа! напиша Рама на Твитер.

Џорџа Мелони положи заклетва пред претседателот заедно со 24 министри и стана првата жена премиер во историјата на Италија.

Таа го предводеше сојузот на конзервативните партии кои победија на парламентарните избори одржани на 25 минатиот месец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Насилни протести во Италија: полицијата употреби…

Италијанската полиција употреби солзавец против демонстрантите во…

(Видео) „Војна“ на улиците на Тирана, демонстрантите…

Илјадници млади Албанци денеска излегоа на улиците…

И неговите се свртеа против Еди Рама…

Сопартијката на албанскиот премиер Еди Рама, Елиса…

Илјадници млади на улиците во Италија и…

Илјадници студенти и средношколци излегоа на улиците…

(Видео) Хаос во Албанија: Горат министерства и…

Албанија трет ден се соочува со масовни…