Дориев: Не заслуживме да изгубиме, одигравме одличен натпревар
Македонската фудбалска репрезентација денеска беше поразена со 1:0 од Саудиска Арабија на пријателскиот натпревар во Абу Даби.
Домаќините постигна гол во 85.минута, но во финишот не беше досуден очигледен пенал за Македонија.
Љупчо Дориев вели дека нашите фудбалери одиграле одличен натпревар и дека не заслужиле пораз.
„Одигравме навистина одличен натпревар. Дисциплинирано од почеток, без да дозволиме противникот да наметне свое темпо или да создава сериозни шанси. Ние бевме добро позиционирани, опасни на моменти и штета што во самиот финиш не бевме наградени со добар резултат. Не беше досуден чист пенал. Секоја чест за моите колеги, од прв до последен, за прикажаната игра. Треба да бидеме горди на нас самите и да се бориме и понатаму за место во репрезентацијата“, изјави Љупчо Дориев, по пријателскиот меч со Саудиска Арабија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…
Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…
Растот на индустриското производство во вториот квартал…