Апасиев ги советува “Таравари, Села, Хоџа, Касами и остала ситна боранија од албанското малцинство” како да го победат ДУИ!
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев на Фејсбук ги советува албанските партии како да го победат ДУИ.
– Таравари, Села, Хоџа, Касами и остала ситна боранија од албанското малцинство, никако да сконтаат една едноставна работа – дека не можат да го победат ДУИ (Али) инклинирајќи кон десно! А бе заблудени, доволно е само Али да ви шерне една слика со униформа на УЧК и, пред вашиот електорат, паѓаат во вода сите ваши великодржавни влажни национализми кои ги блуете како заостанати политичари од XIX век. Така што, имате само еден избор – или сменете ја плочата (кон центар или кон лево) или спремете се пак и пак и пак да бидете сомелени од ДУИ на следни избори.
#ПрекуТаквовоОдШовинисти – напиша Апасиев на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Нов ценовен шок – власта повторно…
Иако Владата се фали со „успешни мерки”…
Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…
Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…
Таравари: Одиме со посебни советнички листи и…
Засега имаме сигурна одлука дека одиме со…
Села не кажува дали ќе го напушти…
Зијадин Села, лидер на Алијанса за Албанците…
Касами најави ДВОЈАЗИЧНИ БАНКНОТИ: Гаши воведе двојазична…
„Талат Џафери ги испраќаше документите до пратениците…