Објавено на:

“Во Русија веќе сите се терористи”: Зеленски вети дека ќе соборат повеќе руски ракети

t

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека Русија започнала напади врз инфраструктурата во многу големи размери и вети дека неговата армија ќе ги подобри, како што наведе, веќе добрите резултати во соборувањето ракети со помош на нејзините партнери.

– Географијата на овој последен масовен удар е многу широка, рече Зеленски во синоќешното видео обраќање, наведувајќи региони во западна, централна и јужна Украина.

– Се разбира, немаме техничка можност да собориме 100 проценти од руските ракети и да ги нападнеме дроновите. Сигурен сум дека постепено ќе го постигнеме тоа со помош на нашите партнери. Веќе соборуваме најголем дел од крстосувачките ракети и повеќето од дроновите, истакна Зеленски.

Во неговото интервју тој ги критикуваше Русите за поддршката на војната и додаде дека “во Русија веќе сите се терористи”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…

Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…

Околу 150 луѓе од „непријателски земји“ се…

Околу 150 луѓе емигрираат во Руската Федерација…

Русија и Украина повторно разменија заробеници

Нова група руски војници е вратена од…