СДСМ велат ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи уставни измени: Мицкоски беше и против договорот со Бугарија па го поткрепи

t

Христијан Мицкоски е лицемерен и недоследен политичар, кој ги менува ставовите како ќе му текне. Еднаш е за промена на Уставот и внесување на Бугарите, потоа е категорично против, па повторно ја врти плочата. Беше и против Договорот за добросоедство со Бугарија, па го поткрепи, реагираат од СДСМ по вчерашната изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека е подготвен да разговара за отворањето на Уставот.

„Христијан Мицкоски ги лажеше граѓаните, создаваше тензии, блокади, измислуваше наводна бугаризација, асимилација доколку почнеме преговори со Европската Унија (ЕУ). Преговорите со ЕУ започнаа, тече скрининг процесот, и не само што нема никаква бугаризација, не само што нема асимилација, туку има македонски јазик во ЕУ и заштитен македонски идентитет. Последна потврда за ова е договорот Фронтекс кој ќе биде потпишан на чист македонски јазик, без фусноти“, велат од СДСМ.

„Јасно е дека во државата имаме два концепти, едниот предводен од Ковачевски и коалицијата која е за европска Македонија и која заедно со доминантниот дел од граѓаните сака да ја види државата како дел од ЕУ. Вториот концепт е оној на ВМРО-ДПМНЕ и Левица кои се противат на членството во ЕУ и работат на штета на државните и националните интереси“, велат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Нови инвестиции, нови фабрики и илјадници…

Со нови проекти, нови производствени капацитети и…

СДСМ: Кога Мицкоски ќе појде во Гостивар…

Од СДСМ преку соопштение упатија критики кон…

Савески да постапи по кривичните пријави од…

Поминаа повеќе од пет недели од здравствената…

СДСМ побара анализи за водата во Гостивар,…

Откако СДСМ побара да се објават анализите…

ВМРО-ДПМНЕ: За две години просечната плата е…

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ води одговорни економски…