Ердоган горд: Турција се претвора во голем гасен центар на кој се смета во странство

t

ТУРЦИЈА се претвора во голем гасен центар, на кој се смета во странство, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ердоган ги критикуваше противниците на Анкара кои бараат Турција да се откаже од урамнотежената политика во однос на украинската криза.

Турскиот лидер изјави дека откажувањето од дијалогот со една од конфликтните страни ќе ја стави Турција на иста линија како и европските земји кои моментално ја преживуваат енергетската криза.

– Урамнотежената политика на Турција привлече одобрување во светот. Кога би се навратиле на критиките, денес, како Европејците, ќе треба да размислуваме како да ја преживееме зимата што доаѓа. Меѓутоа, Анкара тргна по друг пат и немаме проблеми со гасот – рече Ердоган, а пренесува агенцијата „Анадолија“.

Рускиот претседател Владимир Путин пред неколку недели најави дека Русија би можела да го префрли транзитот на гас од „Северен тек“ во регионот на Црното Море и Турција. Рускиот лидер разговарал за идејата со Ердоган, а двајцата лидери потоа наредиле детално и брзо да се разговара за ова прашање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган: Трамп е подготвен да се приклучи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…

Турција: Длабоко сме загрижени, може да има…

Турција предупреди дека нападот на САД врз…

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…

Во Турција над 14.000 луѓе повредени при…

Министерот за здравство на Турција, Кемал Мемишоглу,…

Пожар во живинарска фарма во Турција, настрадаа…

Голем пожар избувна во живинарска фарма во…