Лидерот во Бундеслигата загуби од последниот на табелата
Неочекуваниот лидер во Бундеслигата, Унион Берлин, попладнево го запиша вториот пораз во 11. кола и тоа од тимот на Бохум, кој е последнопласиран на табелата.
Фенерџијата го совлада лидерот со 2-1, со што го остави на 23 бода, сега само еден повеќе од Баерн Минхен. Бохум, од друга страна се израдува само на втората победа, за да дојде до седум бода, еден повеќе само од Шалке.
Во добро прво полувреме, Хофман ја искористи својата шанса во 43. минута и го попари Унион Берлин веднаш пред паузата. Истиот фудбалер покажа дека денес му е денот, реализирајќи и во 71. минута. Гостите од Берлин ја презедоа контролата врз играта, имаа повеќе топка, но се што успеаја е да постигнат почесен гол, преку Пантовиќ дури во 93. минута.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…
Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…
Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…
Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж…
Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска…