ЛДП поднесе иницијатива за решавање на “најважниот проблем” во државава: Промена на македонските изрази за украинските топоними!

t

Иницијатива за донесување на Одлука на Владата за употреба на локалните топоними за населените места во Украина на украински јазик, со нивна транслитерација на македонски јазик, поднесоа ЛДП по иницијатива на Емил Кирјас и потпретседателката Моника Зајкова.

Како најголем проблем кој моментално треба да се реши во државава, тие иницираат наместо Киев треба да се употребува Киив, наместо Запорожје треба да се употребува Запорижија, наместо Луганск треба да се употребува Луханск, наместо Мариупол треба да се употребува Мариупиљ, наместо реката Дњепар треба да се употреби Днипро, и други примери.

– Воедно, предлагаме Владата да донесе одлука конечно да престане да се употребува неприфатливото именување на Република Беларус на македонски јазик како „Република Белорусија” за што белaрускиот народ, како што самите се нарекуваат (а не белорускиот!) и државата веќе се имаат изјаснето со соодветни јазични, законски и уставни измени. Препорачуваме, во македонскиот јазик исто така да се употребува и уставното име „Република Латвија” наместо досегашното име преземено од руското наименување „Република Летонија”, се вели во соопштението на партијата.

Во иницијативата има и предлог до Министерството за надворешни работи, во најкус можен рок, а во соработка со Амбасадата на Украина во Скопје, да и предложи на Владата соодветна одлука во оваа насока, со која ќе им се наложи на сите институции во државата да ги користат украинските топоними во македонскиот јазик. Императив според Зајкова и Кирјас е сите овие одлуки да се донесат пред преземањето на претседателството на ОБСЕ од страна на Македонија на 01 јануари 2023 година.

– По посетата на Украина на крајот на август оваа година, во екот на руската агресија, ни беше предочено дека реализацијата на руската експанзионистичка и империјалистичка политика во доктрината на непризнавањето на украинскиот јазичен и етнички идентитет се манифестира и преку употребата на руските топоними за украинските населени и географски места, наместо на соодветните украински топоними. Таа практика може да се забележи во официјалната употреба за топонимите за населените места во Украина и на македонски јазик, велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЛДП: Даку треба да се извини за…

Во спортот и во фудбалот секогаш е…

Зајкова: ЛДП во парламентот ќе дејствува независно

Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, изјави дека…

ЦО на ЛДП ќе ги разгледува настапот…

Либерално-демократската партија ја известува јавноста дека вечерва…

ЛДП: Салиу некогаш не бил обвинет за…

Ваквото недостоинствено апсење на новинарот Фуркан Салиу…