Ердоган: Со Путин работиме на надминување на кризата со храна во светот
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека работи со неговиот руски колега Владимир Путин за надминување на кризата со храна во неразвиените земји. Ердоган објасни дека при последниот разговор со Путин дефинирал дека жито и ѓубриво треба да се испраќа и во слабо развиените или неразвиените африкански земји.
„Во оние земји каде што има голема суша потребно е да се отстрани проблемот со ѓубривата. Се надевам дека ќе го решиме“, рече Ердоган, пренесуваат турските медиуми.
Турскиот лидер истакна дека во последниот месец пет пати разговарал со својот руски колега.
„Во текот на 20 години, додека бев премиер, како и сега за време на претседателскиот мандат, постојано сме во контакт со светските лидери. Само во последниот месец јас и Путин разговаравме пет пати. Исто толку разговори имав и со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Од друга страна, имаме и телефонска дипломатија со американскиот претседател“, рече Ердоган, пренесува Танјуг. На 22 јули во Истанбул беа потпишани договори за решавање на проблемот со испорака на прехранбени производи и ѓубрива од Украина и Русија на светскиот пазар.
Документите ги потпишаа претставници на Русија, Украина, Турција и Обединетите нации. Москва, сепак, укажува дека дел од договорот за извоз на руски прехранбени производи се уште не е функционален.
Договорот истекува на 19 ноември.
На почетокот на септември, Путин истакна дека Западот извезува најголем дел од украинското жито во своите земји, наместо во африканските земји на кои им е потребно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин најави одговор за влезот на Финска…
Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…
Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…
Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…
Путин: Русија ќе спречи какво било странско…
Русија ќе спречи какво било странско мешање…
Макрон е подготвен да го обнови дијалогот…
Доколку претседателот Путин има сериозни предлози и…
Путин: Најверојатно Американците го разнесоа гасоводот „Северен…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека…