БРУКА, до кое дереџе е АРМ?! Косовскиот министер за одбрана им нуди обука на нашите војници!

t

Министерот за одбрана на Косово, Арменд Мехај, на Фејсбук сподели фотографии од средбата со македонската министерка за одбрана, Славјанка Петровска, каде вели дека Косово е спремно да ја обучува македонската Армија.

– На средбата со министерката за одбрана на Македонија, г-ѓа Славјанка Петровска разговаравме за областите во кои можеме да соработуваме, со посебен акцент на соработката во обуките, заеднички вежби меѓу двете армии.

Во моментов ФСК е подготвена да ѝ обезбеди на македонската армија обука за потрага и спасување, за што нашите војници се исклучително подготвени, додека македонската страна ќе размени внатрешно реформско искуство со нашето патување низ Партнерството за Процес на членство во мировната програма, во кој целиме и сме членови..

Исто така, друга област за која се согласивме да соработуваме е интеграцијата на жените во војската, споделувањето на најдобрите практики, обука на офицери и нивно обука е проблем на кој ќе се занима, напиша косовскиот министер на Фејсбук.

Се поставува прашањето до кое ниво е доведена Армијата на Република Македонија, ако новоформираната косовска Армија е поподготвена од неа и дури се нуди да ги обучува нашите војници?!

ЛИНК од објавата на Мехај на Фејсбук

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТРИ ГОДИНИ ЗАТВОР: Полицаец осуден за пукањето…

Косовскиот полицаец Кораб Пепај е осуден на…

АХВ најави вонредна контрола во млекара по…

Агенцијата за храна и ветеринарство најави вонреден…

Трамп го номинира Михаил Богачек за нов…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го номинираше…

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

Платите во Армијата и одбраната се зголемуваат…

Сакам да информирам за една преубава вест,…