(Видео) Славевски си призна се: Старо му било службеното возило кое му го нуделе, да имало Ајфон 14-ка во Македонија и тоа ќе побарал

t

Претседатавчот со Советот на Град Скопје, Трајко Славски во гостување во емисијата “Во Центар” со Васко Ефтов, призна дека побарал Градот да му обезбеди службено возило и телефон, а се повика и на “градските акти” кои тоа го пропишуваат.

– Ајфон 14-ка излезе сега, дури во Македонија не е стигнат. Така одговорив, секој претседател на Совет по актиите на Град Скопје има на располагање службен автомобил и возач. Службениот автомобил кој дојде првиот ден е Форд Мондео 2012 година, вели Славевски кој призна дека поседува Ауди 6 модел од 2019 година, купен во 2019 година, со како што вели тој, неговта професорска плата и платата на неговата сопруга.

Славевски претходно најави дека ќе поднесе тужба за градоначалничката Арсовска поради нејзината изјава дека Славевски барал службено возило и најнов ајфон за да почне да работи Советот на Градот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ