СДСМ: Мицкоски како Груевски, оди по општините а нема надлежност

t

Хаосот што ВМРО-ДПМНЕ го создаде во Град Скопје е најголемиот доказ за неспособноста и неодговорноста на партијата предводена од Христијан Мицкоски, критикуваат од СДСМ.

„Шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ целосно ја изневерија довербата на граѓаните.

За само една година градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски создадоа целосен хаос во општините.

Нефункционални јавни претпријатија, поскапи и понеквалитетни услуги за граѓаните, нема проекти, нема инвестиции, нема развој, но затоа има раце во мед за тендери, кавги за влијание и провизии.

Тоа е резултат на шпицниот градоначалник Мицкоски. Тој самиот се постави како шпицен градоначалник на сите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски како неговиот ментор и шеф Никола Груевски оди по општините, иако нема никаква надлежност прави увиди и се фали со проекти на поранешните градоначалници од СДСМ. Шпицниот Мицкоски во име на градоначалникот на Град Скопје, од партиска говорница самиот кажа дека лично тој преговара за набавки на 100 еколошки автобуси, исто како што правеше и Груевски.

Ете го резултатот на шпицниот градоначалник, наместо бесплатен превоз во Скопје се случи да нема превоз. Наместо помош за граѓаните во време на криза, има повисоки сметки за комунални услуги. Наместо почисти, имаме најнечисти општини во историјата.

Ветувањата пред граѓаните не се исполнуваат. Градоначалниците и локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ се најголемото разочарување. Дефинитивно нема никаква промена во ВМРО-ДПМНЕ тоа е истата партија која ја интересираат само личните и бизнис интереси на поединци, додека интересите на граѓаните им се на последно место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Синоќа засилено прскање против комарци во три…

Засилени акции за прскање против комарци синоќа…

Врховниот суд на САД привремено гo одобри…

Американскиот претседател  Доналд Трамп  доби привремена правна поддршка…

Иранците тврдат: Подготвени сме за новите американски…

Иранските власти соопштија дека имаат двегодишен план…

Пронајден нов, трет дрон со сомнителен експлозив…

Германските истражители откриле трет дрон и експлозивна…

Летови од 19 евра и рачен багаж…

Европскиот авионски пазар би можел да добие…