(Видео) Данела Арсовска на вонредна прес-конферениција најави бескомпромисна борба со партизацијата на институциите

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на денешната вонредна прес-конферениција објасни дека во Јавното претпријатие “Водовод и канализација” и целата хистерија која беше предизвикана од ССМ и претседателот Дарко Димовски, е неопрвадана бидејќи никој од вработените не е избркан од работа, ниту деградиран, туку станува збор за хоризонтална прераспределба на работните места.

Градоначалничката ги охрабри сите синдикални организации да го практицираат правото на штрајк онака како што е уредено согласно Закон, но нагласи дека не смее да се дозволи вработените да се претврат во маша на одредени партиски структури.

Арсовска нагласи дека сите закани, дури и најавата за прекин на водоснабдувањето на Град Скопје, кое само по себе е кривично дело, доаѓаат во време кога е најавена департизација и оптимизација на работата на претпријатието и Градот Скопје.

– Сите закани доаѓаат во момент кога е најавена департизација на претпријатието и на Град Скопје. Сакам да потенцирам дека овие лица кои наводно се борат за правата на десетина лица вработени, треба да бидат доблесни и да кажат дека ова што го прават, го прават во неколку претпријатија, не е борба за работнички права, туку ако го трнат нападот врз мене и нападите што ги инструментализираат против мене, работниците не треба да бидат нивна маша за политички пресметки, ова не е борба за работнички права. Работниците не треба да се прават нивна маша.

Конкретно за Водовод не сметам дека смее да се дозволи некој да излезе и да бара оставка од некого затоа што не му се допаѓа, тоа едноставно не е целта на синдикалното организирање.

Второ за најавата на прекин на водоснабрувањето, апелирам до надлежните институии, до ЈО и сите оние кои сметаат дека ова е индиција за прекин на работата на водоснабдувањето да си преземат соодветни дејствија како би се спречило оваа закана да се реализира.

Трето сметам дека треба доследно да појасни што се случува во ова претпријатие она што го презентираше како закана на ССМ, вели Арсовска.

– Се работи за прераспределба на десетина лица, хоризонтално, што значи дека овие лица земаат иста плата, не им се намалени платите, но им се распределени работни задачи. Две лица зимаат плата над 6000 денари, и сега ќе ја земаат ама замислете ќе треба да работа.

Треба да застанеме во интерес на граѓаните и Градот Скопје.

Ова претпријатие има над 1250 вработени, претворено е во биро за вработување на политичките парити, најголем дел од нив амднимистрација.

Затоа е најавена оптимизација, да се работат работните задачи.

Критично е и важно да се напомене дека поради тоа што се претвори во биро за вработување, Водовод не ги врши основните функции, немаме водоводџии и технички персонал, а има огромен број вработени во администрација. Сите кои треба да работтана фекална атмосферска канализација се агажираат фирми од надвор, значи во исто време се плаќа техничка администрација и фирми кои се плаќаат да ог работат она што треба да го работи Водовод.

Оред се сметам дека во ниту еден случај не смее да се дозволи затоа што на некој не му се допаѓа градоначалничката и директорот затоа шо не сме партиски марионети да излезе да ги брани оние што не рабтта и да се заканува со прекин на водата на гард скопје.

Сакам да ги смирам граѓаните дека ќе имаат контонуирано и непрекинато кавлитетно водоснабрување, потенцираше Арсовска.

ЛИНК од вонредната прес-конференција

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Исчезна девојка од Скопје, имала здравствени проблеми

На 11.08.2024 во 14:00 часот во Полициската…

Царина ќе ги зајакнува контролите и присуството…

Унапредување на процесите на царинење преку унапредување…

ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…

Тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…

Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…