(Видео) Васко Ефтов го декласираше скопскиот Таљат: Го допревте дното, каков крај на една политичка кариера – со кое право ѝ го одземавте микрофонот на Арсовска

t

Вие се сведовте за главен алат да Ви биде едно копче? Ама се извинувам, кое девастирање на една политичка кариера, па вие уште сте горд, со цел памет оидовте и го грабнавте микрофонот ама ова е 21 век, му посочи на Трајко Славевски новинарот Васко Ефтов.

– Отидовте и го грабнавте икрофонот бидејќи велела шпицен градоначалник, немавте копче, ве оставија без копче да бидете ТалатЏафери во Скопје.

Како можевте градоначалник да исклучите да не збори? Како пратеници исфрлате, медиуми затворате, градоначалник исфрлате… Вие сте спремни да спречите се што размислува различно од вас, ова е истото старо ВМРО-ДПМНЕ.

Мислам дека почетокот на крајот беше инцидентот со осфрлање на пратениците од Собранието во 2012 година, тоа се пратениците на СДСМ.

Господине Славевски, таму исфрлија пратеници, вие на градоначалник на Скопје кој е избран на исти избори со вас, освоила 8000 гласови повеќе, му го грабнафте микрофонот. Овде се исфрлени, ваму ѝ го грабнавте микрофонот. Суштината е иста. Се работи за замолчување! – нагласи Ефтов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ