СДСМ: Ако имаат докази нека ги достават до Антикорупциска – ВМРО-ДПМНЕ за криминал да си погледне прво во своите редови
Од СДСМ реагираат на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ во која пратеникот Бране Петрушевски ја открива аферата “Тајни имоти”.
Станува збор за непријавени имоти на функционери на СДСМ и ДУИ во вреднот од 30 милиони евра.
-Белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ е синоним за криминал и незаконски стекнат имот врз грбот на граѓаните. Со судска пресуда за Талир 2 е докажано Белиот дворец вреден околу 7 милиони евра е незаконски, криминално стекнат, врз грбот на граѓаните, односно со пари украдени од граѓаните. ВМРО-ДППМНЕ ги крадела граѓаните, трупала имот, луксуз и пари на незаконски, криминален начин, додека граѓаните тонеа во сиромаштија и долгови. илионски суми на пари биле злоупотребени. Деталниот урбанистички план три пати е менуван за ВМРО-ДПМНЕ да добие 12.000 квадратни метри за седиштето, а на местото на станбена зграда, да никне хотел. Криминалната шема за Белиот дворец е драстична, безобразна, епска, реагираат од СДСМ.
„Кога зборува за имоти, ВМРО-ДПМНЕ прво нека си погледне во своите редови и својот дворец.
Со кој пријавен имот и на каков начин Никола Груевски живее во Будимпешта?“, прашуваат од СДСМ.
-Доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина поседува некакви информации за функционери кои не пријавиле имот и сториле некаков прекршок, тие треба да ги достават до надлежната институција а тоа е ДКСК, за понатамошно постапување, реагираат од партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Нови инвестиции, нови фабрики и илјадници…
Со нови проекти, нови производствени капацитети и…
СДСМ: Кога Мицкоски ќе појде во Гостивар…
Од СДСМ преку соопштение упатија критики кон…
Савески да постапи по кривичните пријави од…
Поминаа повеќе од пет недели од здравствената…
СДСМ побара анализи за водата во Гостивар,…
Откако СДСМ побара да се објават анализите…
ВМРО-ДПМНЕ: За две години просечната плата е…
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ води одговорни економски…