Илон Маск „стопи“ третина од своето богатство – која е причината?

t

Најбогатиот човек на светот наводно изгубил една третина од своето богатство од ноември 2021 година досега.

Попрецизно, извршниот директор на „Tesla“, Илон Маск, изгубил над 100 милијарди долари од лани.

Богатството на Маск се намалило за речиси 35 отсто, од 320,3 милијарди долари на 4 ноември минатата година, на 209,4 милијарди долари, главно поради наглиот пад на цените на акциите на „Tesla“, пишува „Forbes“, повикувајќи се на свои пресметки.

Само овој месец богатството на Маск се намалило за 28 милијарди долари, пишува „Forbes“.

„Тој продава автомобили по високи цени така што рецесијата нема да биде добра за неговата работа“, изјавил Мет Малеј, главен пазарен стратег во инвестициска, консултантска куќа.

Контроверзните планови на Маск да го купи Твитер и да ги продаде акциите на „Tesla“ ги одбиваат инвеститорите кои веруваат дека тој се однесува неодговорно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…

Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…

„Вината за Кочани е во врвот на…

„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…

Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…

Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…

(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава

Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…

„Кој е следен“ за изјавата на Мицкоски:…

Од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ испратија…