Милановиќ пак го шокираше Западот: Одби да се сретне со Пелоси имало премногу цинизам…
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ одби средба со американската делегација и Ненси Пелоси, претседателка на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, која пристигна во Загреб на самитот на Кримската платформа. Според Милановиќ, демократите наскоро ќе ја загубат власта во САД и бесмислено е да се разговара со нив.
„Американците побараа средба, не можам, немам време. Пелоси не ја претставува извршната власт и за две недели ќе престане да биде тоа што е сега“, изјави Зоран Милановиќ. Да потсетиме дека изборите за американскиот Конгрес ќе се одржат на 8 ноември.
Хрватскиот претседател најави дека ќе го игнорира самитот на Кримската платформа, кој се одржува од 24 до 25 октомври.
„Има премногу цинизам и непочитување кон несреќниот украински народ. Јас нема да бидам уште еден позер на овој настан. Се додека не бидеме нападнати и Хрватска не е во војна, јас нема да учествувам во ова“, рече Милановиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја нападнале продавачката во маркет, а потоа…
Двајца жители на скопско Идризово се приведени…
Нова провокација од Јотова: Немаме што да…
Претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, изјави од…
Најдебели на светот се жителите на остоворот…
Кога луѓето замислуваат земја во кризa со…
Артан Груби утре на судење
Поранешниот вицепремиер Артан Груби утре за прв…
ТРАМП ДОБИ „НЕ“ ОД КАНАДА: Пропаднаа трговските…
Трговските преговори меѓу САД и Канада пропаднаа,…