Османи: Македонија отвара нови пазари во Јордан – Ќе се зголеми увозот на маслиново масло и урми

t

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамки на посетата на Јордан, оствари средба со Министерот за земјоделство, Кхалид Ал Ханифат со кого потпишаа Меморандум за разбирање помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Хашемитското Кралство Јордан за соработка во областа на земјоделството, што претставува прв меѓународен договор меѓу владите двете земји. 

„Со потпишување на овој документ, создаваме основа за интензивирање на размената на прехранбени продукти и земјоделски производи, особено во делот на зголемување на извозот на овошје, зеленчук и јагнешко месо од Македонија во Јордан, а од Јордан зголемување на увоз на маслиново масло и урми во Македонија. Тоа е особено важно за двете земји, имајќи ги предвид актуелните предизвици со безбедноста на храна во овој регион и потребата од диверзификација на снабдувањето со прехранбени продукти. Од друга страна, ние име потенцијал за кој ни се потребни нови пазари и немам сомнеж дека ова ќе биде уште еден чекор кон продлабочување на билатералните односи во полза на граѓаните од двете земји.” – истакна Османи.

Двајцата соговорници потенцираа дека особено значајна е размената на искуства во областа на земјоделската политика, спроведување на конкретните мерки за подобрување на земјоделското производство, безбедноста на храната како и управувањето со водите, за што се заложија за спроведување на идни проекти од интерес на двете страни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…

Во Хрватска е уапсен е градежен работник…

Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…

360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…

Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…

Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…

Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…

Иран го нападна Јордан

Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) објави…