16% од Србите се за усогласување со ЕУ треба и воведување санкции за Русија

t

Евентуалното воведување санкции против Русија не би го поддржале 64 отсто од граѓаните на Србија, додека 16 отсто од испитаниците се за усогласување со ЕУ по ова прашање.

Анкетата спроведена од „Фактор плус“ покажува и дека една петтина од испитаниците немаат став за тоа прашање, што, според директорот на таа агенција, Владимир Пејиќ, укажува дека противењето на санкциите „не е безусловно“.

Често се зборува дека 80 отсто од граѓаните се против воведување санкции против Русија, но мораме да бидеме прецизни. Во одговорите има нијанси. Дури 20 отсто од граѓаните не се за, но не се и против и на нивното мислење може да влијаат одредени околности – вели Пејиќ.

Истражувањето покажува и дека 30 отсто од граѓаните сметаат дека новата Влада на Србија нема да воведе санкции против Русија, 20 отсто сметаат дека таквата одлука е извесна, а 18 отсто дека е „малку веројатна“, додека речиси една третина очекуваат дека новиот владин кабинет „сериозно“ ќе размисли за воведување санкции на Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…

Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…

Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…

Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…

Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…

Група од 25 членови на Српската академија…