КУРТИ КОНТРА ЕУ! Нема да има продолжување на рокот за замена на регистарските таблички
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека нема да има продолжување на рокот за замена на регистарските таблички и покрај барањата на САД и ЕУ за одложување на процесот за десет месеци. Рокот за замена на српските со косовски таблички истекува на 31 октомври.
„Веќе го одложивме рокот. Наместо 30 септември, последниот датум е 31 октомври, кога сите граѓани на Косово кои имаат возила со застарени регистарски таблички ќе можат да ги заменат со легитимни регистарски таблички. Ги повикувам сите граѓани да ги заменат автомобили со тие таблички со легитимни. Огромното мнозинство Срби во Косово, таа ги смени регистерските таблички“, рече тој.
Според него, тие мерки не се насочени против Србите, туку за Србите, бидејќи „не можат да бидат рамноправни граѓани на Косово ако имаат различни регистарски таблички“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…