Објавено на:

(Видео) Стар човек, нов гаф: Бајден го утна името на новиот британски премиер

t

Американскиот претседател Џо Бајден погрешно го изговори името на поранешниот министер за финансии на Велика Британија, Риши Сунак за време на честитките за неговото назначување за шеф на владата, пишува The Telegraph.


„Бајден, за време на настанот во Белата куќа, организиран по повод индискиот празник Дивали, ја истакна важноста на фактот што за прв пат потомок на имигранти од Индија успеа да ја преземе највисоката политичка функција во земјата. Сепак, тој направи грешка во името на британскиот колега, нарекувајќи го „Раши Санук““, се вели во написот.

И читателите на весникот во коментарите изразија огорченост од инцидентот.

„Бајден е расист. Тоа го направи намерно“, „Немам зборови. Подобро би било Бајден да молчи“,
„Ова е многу лоша шега, Џим или Џеј“, „Можеше да биде полошо. Бајден барем се обиде да го изговори името на Сунак. Или можеби не се сеќаваше на него“, се дел од коментарите.

Во понеделникот Риши Сунак беше избран за шеф на британската владејачка Конзервативна партија, а исто така ќе ја преземе функцијата премиер. Сунак ќе биде трет британски премиер оваа година. Во јули, Борис Џонсон ја објави својата намера да се повлече од премиерската функција.

Избрана во септември да го замени, Лиз Трас беше премиер само 44 дена пред да ја објави својата оставка, откако се соочи со критики поради новиот план за поддршка на економијата и стравувањата дека владата ќе го зголеми јавниот долг за да го спроведе.
Бајден, кој оваа година наполни 80 години, стана најстариот претседател на САД во историјата. Редовно влегува во смешни ситуации, противниците на американскиот лидер сметаат дека причина за тоа се годините и можните здравствени проблеми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…

Американскиот Конгрес изгласа почеток на процедурата за…

Домот предводен од републиканците усвои републиканска резолуција…

Бајден повторно фатен како чита одговори на…

Американскиот претседател Џозеф Бајден, за време на…

Најнова вест: Спикерот Мајк Џонсон изјави дека…

Спикерот Мајк Џонсон изјави дека Домот денеска…

Бајден вети 200 милиони долари за Украина…

Американскиот лидер го повика Конгресот да донесе…