ВЛАДАТА ОДЛУЧИ ОФИЦИЈАЛНО: Останува зимското сметање на времето
Владата, на денешната седница заклучи да се пристапува кон примена на зимското сметање на времето, како што се применуваше и досега. Овој заклучок е донесен согласно сите анализи на Информацијата од Министерството за економија, во врска со можноста за продолжување на примената на летното сметање на времето.
– Од прикажаната пресметка за потребна топлина и анализата на промените на надворешните температури на часовно ниво, воочено е дека задржувањето на летното сметање на времето ќе предизвика зголемена потрошувачка на топлинска енергија од 1,5 – 3,5 проценти за грејната сезона. Согласно направената анализа на движењето на температурите во утринските часови и пресметките за потребна топлина за загревање, заклучено е дека со враќање во зимско сметање на времето ќе се заштеди на потрошувачка на електрична и топлинска енергија, информираат од Владата.
Како што пренесува владината прес служба, според информациите од Министерството за економија проценката е направена во соработка со Министерство за финансии, Министерство за внатрешни работи, Министерство за образование и наука, Министерство за труд и социјална политика, Агенција за електронски комуникации, Биро за метрологија, Стопанска комора на Северна Македонија, Управа за хидрометеоролошки работи, Стопанска комора на северозападна Македонија и Економскиот факултет – Скопје. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Двајца загинати и стотици илјади домаќинства без…
Две лица загинаа, а снабдувањето со електрична…
Германија ќе ја обнови оштетената заштитна конструкција…
Оштетената заштитна конструкција над уништениот реактор во…
Ангелов: Избегната катастрофа во прилепско Бонче, пожарот…
Катастрофа била избегната во прилепското село Бонче,…
ВМРО-ДПМНЕ: Воведени се нови 28 дестинации од…
Со новите авиолинии Македонија станува полесно достапна…
(Видео) ФФМ: Недозволиво е да има закани,…
На натпреварот од четвртото коло на Првата…