Ковачевски смета дека Мицкоски “омекнал” за уставните измени: Сите партии имаат позитивен однос кон промените
Гледам дека сите партии имаат позитивен однос кон уставните промени, па дури и оние што беа категорично против, сега кажуваат дека врз основа на одредени услови би поддржале уставни измени. Партиите треба да ги кажат своите претпоставки за да може да се дојде до решение што ќе биде прифатливо за сите, изјави вчера премиерот Димитар Ковачевски.
Инаку “не се сакаат” ама уставните измени ќе ги седат на маса Мицкоски и Ковачевски, а богами и сите останати партии.
На средбите ќе се разговара за сите предлози кои партиите сметаат дека треба да се случат со отварањет на Утсавот, но во него ќе биде запишано само она решение што ќе се покаже прифатливо за сите политички чинители, најави Ковачевски во одговор на прашањето што мисли за ставот на Алијанса за Албанците и на Беса, кои го условија гласањето за уставни измени со барањето од Уставот да се тргне одредбата за официјална употреба на некој јазик (албанскиот) само во случаи кога го говорат најмалку 20 отсто од населението.
Ковачевски оцени дека е добро што почнало да се разговара за уставните измени. Ковачевски индиректно го посочи поместувањето на ставот на Мицкоски за уставните измени, иако тие се условени.
– Штом ќе биде отворена процедурата, ќе се види дека има волја, практично консензуална волја. Гледам дека сите партии имаат позитивен однос кон уставните промени, па дури и оние коишто беа категорично против сега кажуваат дека врз основа на одредени услови би поддржале уставни измени. Сметам дека треба да се седне на маса, сите политички партии да ги кажат своите претпоставки, да го кажат својот став во однос на уставните промени за да може на крајот да се дојде до решение што ќе биде прифатливо за сите – рече Ковачевски.
Премиерот потврди дека за уставните измени планира средби со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски и со сите парламентарни партии, но не прецизира кога ќе почнат состаноците. Според него, нормално е да разговара со Мицкоски за сите битни теми што се од интерес за граѓаните.
– Со Мицкоски се видовме за францускиот предлог, за енергетската криза и тоа е нормална комуникација меѓу претседатели на парламентарни партии. Секогаш кога ќе има прашање што е од интерес за сите граѓани, нормално е дека ќе се видиме, како што се гледаме со претседателите на другите партии – рече Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…