Макрон бара Папата Франциск да зборува со Путин и Бајден за мир во Украина
Францускиот претседател Емануел Макрон побара од поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, да контактира со рускиот претседател Владимир Путин, патријархот на Руската православна црква Кирил и американскиот претседател Џо Бајден со цел да го поттикне мировниот процес во Украина.
„Го охрабрив папата Франциск да ги покани Владимир Путин и московскиот патријарх Кирил, но и Џо Бајден”, изјави Макрон за францускиот весник „Ле Поинт” по средбата со Папата во Ватикан.
Макрон рече дека е потребно и САД да седнат на маса за да го промовираат мировниот процес во Украина.
Тој додаде дека Бајден има однос на доверба со Франциск и дека Папата може да влијае врз него за САД да бидат повеќе вклучени во изнаоѓање мирно решение во Украина.
Во понеделникот францускиот претседател се сретна со Папата во Ватикан и тоа беше нивна трета средба од доаѓањето на Макрон на чело на државата во мај 2017 година
Париз, 26 октомври 2022 (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ватикан: Папата не бара од Украина да…
Директорот на Канцеларијата за медиуми во Ватикан,…
Путин најави одговор за влезот на Финска…
Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…
Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…
Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…
Путин: Русија ќе спречи какво било странско…
Русија ќе спречи какво било странско мешање…
Макрон: Украина да не се радува премногу…
Францускиот претседател рече дека за време на…