Кирби: Се чини дека Србија избра да застане на страната на Русија
Поранешниот американски амбасадор во Србија, Мајкл Кирби смета дека постои поврзаност меѓу очекувањата на Русија дека српската парламентарна делегација нема да учествува на Кримскиот форум во Загреб и фактичкото отсуство на српските претставници на тој собир во Хрватска инициран од Украина.
„Од далеку се чини дека Србија избра да застане на страната на Русија во руско-украинскиот конфликт“, изјави Кирби за „Гласот на Америка“.
Во текот на претходните два дена, претставници на повеќе од 50 светски земји и организации се собраа во Загреб за да разговараат, меѓу другото, за начините за помош на Украина.
Хрватските власти и организаторите на состанокот тврдат дека српските претставници биле поканети да учествуваат. Сепак, засега нема официјално објаснување од Белград дали е пристигната поканата за форумот и кои би биле можните причини за одбивањето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Млада лаборантка почина од чума во Русија,…
Жена почина од белодробна чума во регионот…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…