Мојсоска: Македонците во Бугарија без никаква помош од македонската Влада се борат да го зачуваат идеалот и стремежот на АСНОМ

t

Членката на Президиумот на Левица, Јована Мојсоска, во објава посветена на Никола Јонков Вапцаров нагласува дека Македонците во Бугарија без никаква помош од македонската Влада се борат да го зачуваат идеалот и стремежот на АСНОМ.

– Во пресрет на отворањето на македонскиот клуб “Никола Вапцаров”, битен момент кој треба да се спомене дека истиот бил мета на атентат од бандите на Ванчо Михајлов (поради тоа што бил член на Бугарската комунистичка партија).

Тоа е повеќе од доволна потврда дека во колективната меморија на македонскиот народ гори огнот на Анти-фашистичката борба.

Додека цела бугарска влада се инструментализира во глорификација на светски потврдени фашисти , Македонците во Бугарија (репресирани и негирани) без никаква поддршка од македонската влада – се борат да го зачуваат идеалот и стремежот на АСНОМ.

Вапцаров бил поетски великан, синдикалист, марксист, кој бил стрелан од бугарските фашистички власти. Посмртно бил добитник на почесната Меѓународна награда за мир, во 1952 година.

Неговата мајка, ЕЛЕНА ВАПЦАРОВА, на средба во Пиринска Македонија со македонски книжевници, ќе истакне:

Најпосле дочекав да се сретнам со македонски писатели, колеги на мојот Кољо. И тој со нив ќе дојдеше ако беше жив, но го убија крвниците…

Некои после ослободувањето, ме прашаа – чиј поет е тој? Одговорив со неговите зборови:

„Над мојата земја в небото се опира Пирин, и мурите в бури илинденски приказни пејат, над Охрид лазурот е просторен и син, а уште надолу е светлиот брег на Егејот”.

Секако, поетот не може да поседува со тапија, но ако постои тоа, во тој случај тапија ќе бидат неговите стихови.“ – напиша Мојсоска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!

Во објава на својата официјална страна на…