Брнабиќ: Брисел не може да нè условува со признавање на Косово за членство во ЕУ!

t

Ана Брнабиќ, мандатарката за состав на новата Влада на Србија, изјави дека Брисел не може да ја условува Србија со признавање на Косово за членство во Европската унија, а пет земји од Унијата „не ја признаваат истата креација“, пренесува Новости.


На собраниската седница на која се расправа за новата Влада на Србија, Брнабиќ изјави дека пред Александар Вучиќ прашањето за Косово било затворена работа на меѓународната агенда.

Таа потсети дека претседателот на Србија му дал јасен одговор на германскиот канцелар Олаф Шолц кога зборувал за Косово.

Брнабиќ изјави дека е многу важно Србија да одржува контакти со Германија и укажа на фактот дека 78.000 илјади граѓани на Србија се вработени во германски компании.

„Германија е една од најважните и најсилните европски земји. Комуникацијата со неа е исклучително важна“, рече Брнабиќ, осврнувајќи се на посетите на германските претставници на Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Екс фудбалер од Србија уапсен во Португалија…

Српскиот фудбалер Урош Милошевиќ (31), во средата,…

Србија не побара помош од ЕУ за…

Србија не го активирала Механизмот за цивилна…

Земјотрес ја погоди Србија

Земјотрес со јачина од 3 степени според…

Постигнати спогодби со осомничените за транспорт на…

Случајот со транспортот на марихуана од Македонија…

„Њујорк тајмс“: Русија обучувала групи во Србија…

Руски оперативци поврзани со военната разузнавачка служба…