ДРАМАТИЧНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Украина ја чека најлошата зима во историјата! ДОСЕГА УНИШТЕНИ 40 ОТСТО ОД ЕЛЕКТРАНИТЕ!

t

Очекуваме постојан недостиг од струја и проблеми со парното, вели Јуриј Витренко, првиот човек на „Нафтогас“, државниот енергетски гигант.

Украина ја чека најлошата зима во историјата, предупреди Јуриј Витренко, првиот човек на „Нафтогас“, државниот енергетски гигант, најавувајќи големи проблеми, пред се во енергетскиот сектор.

Во интервју за германскиот весник „Ханделсблат“, Витренко истакна дека 40 отсто од украинските електрани и трафостаници биле уништени во руското бомбардирање.

Маршаловиот план

– Украина се соочува со најлошата зима во историјата. Ќе имаме постојан недостиг на струја и исклучување, како и проблеми со греењето. Невозможно е целосно да се спречат проблемите – рече Витренко и изјави дека во последните неколку дена руските сили почнале да ги гранатираат и рафинериите.

Енергетската инфраструктура претрпе големо уништување во последните недели, додаде украинскиот функционер, продолжувајќи:

– Ќе ни треба помош од сојузниците во енергетскиот сектор. Без него, нашиот енергетски систем ќе пропадне.

„Нафтогас“ претходно апелираше до граѓаните да се подготват за зимата и да добијат ќебиња и топла облека. Од компанијата најавија дека ќе направат се становите да се загреат на 17 до 18 степени, што е за четири степени помалку од вообичаеното во зимските месеци. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ги повика своите сонародници да го намалат притисокот врз електроенергетскиот систем и да ја намалат потрошувачката на електрична енергија во периодот од 17 до 23 часот.

– Локалните власти да ја користат струјата многу внимателно, не е време за осветлени излози и реклами – рече Зеленски. На 10 октомври Русија почна да гранатира инфраструктурни цели во Украина по украинскиот напад на мостот на Крим, кој претседателот Владимир Путин го опиша како терористички.

Украинскиот премиер Денис Шмихал претходно изјави дека на земјата и е потребна помош во износ од 750 милијарди долари за да се обноват инфраструктурните објекти. Во Берлин вчера се одржа меѓународна конференција за обнова на Украина. Германскиот канцелар Олаф Шолц и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен се за Маршаловиот план за обнова на земјата разурната од војна.

Задача на една генерација

Во заеднички авторски текст во весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЗ) тие посочуваат дека тоа е „задача за генерации, која мора да почне сега“.

На долг рок, ќе биде важно приватните инвеститори и бизниси да инвестираат во обновата на Украина. Според нив, ЕУ има посебна улога во тоа, бидејќи Украина е кандидат за влез во Унијата.

– Поради ова, патот на обновата е и патот на Украина кон ЕУ – нагласија тие.

Тотално недоразбирање

Киев против предлогот на Макрон

Михаило Подољак, еден од советниците на украинскиот претседател Володимир Зеленски, ја отфрли изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека западните лидери треба да преговараат со рускиот претседател Владимир Путин.

– Макрон покажа целосно недоразбирање на инвазијата на рускиот тиранин, бидејќи таквиот потег би одел рака под рака со официјална Москва. Многу е важно Макрон да ја разбере душата на украинскиот народ и да знае дека никогаш нема да клекнеме пред Русија – рече Подољак.

Kurir.rs
Foto: EPA/STATE EMERGENCY SERVICE OF UKRAINE

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Франција го блокира пристапот до израелските штандови…

Франција го блокираше пристапот до штандовите на…

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…

До крајот на месецов ќе се знаат…

Процесот на избор на кандидати за градоначалници…

НАМЕСТО КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ М-НАВ ЗА СЕКОЈ…

По добиена согласност од Министерството за финансии,…

Макрон ја отфрла идејата на Трамп за…

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…