Истакнат функционер на ВМРО-ДПМНЕ му одржа предавање на Мицкоски: Се испокара со сите што треба да ти помогнат, во политиката треба визија за 10 години однапред!

t

Цветко Гроздановски, член на ВМРО-ДПМНЕ, поранешен функционер и човек со најдолг стаж во централниот комитет на партијата објаснува дека Мицкоски наместо да ја обедини опозицијата ја разедини и создаде непријатели од луѓе кои требаше да му бидат пријатели.

– ШТО ДОБИВМЕ А ШТО ИЗГУБИВМЕ ! СУЕТИ “АКО ПРЕДЛОГОТ НЕ Е МОЈ НЕЧИНИ”!!!
Оди некој господин на доктор, докторот културно го прашува пациентот , г-дине што ве боли а овој како од пушка со левиот показалец притиска на слепоочницата и вика овде докторе ме искина главата, па потоа со показалецот притиска на рамото и му вика кога ќе притиснам тука умирам од болка а докторот му вика:добро, а овој повторно со показалецот притиска на коленото и му вика и тука кога ќе притиснам тука не се издржува… докторот го погледнува и му вика добро констатирав што е! Пациентот да докторе што е! дали е нешто страшно ? Докторот смирено му одговара НЕ ! ВАС ПРСТОТ ВЕ БОЛИ!
П.С ДО ПРСТОТ Е!!!

Помирување и ОБЕДИНУВАЊЕ во Македонскиот политички блок ДА!!!

Но како? Се искаравме со Стевчо, Данела, Бачев, Попот од интегра, трета,Палчо…. Нека ми простат другите. многу погрешна примена на раздели па владеј!! (кога обединуваш даваш! Кога си власт раскаруваш за да владееш)

Дали не требаше обединување на Македонскиот блок пред “Преспа”

Шест месеци пред Преспа го дадов тој предлог на Централен Комитет со цел обединета опозиција против злото, хунтата, поголем притисок против промената на името , ПРИТИСОК за можно ново ПРАВИЧНО СУДЕЊЕ НА УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ!!! Обединета опозиција (избирачките гласови на едно конто) поголема веројатност за 61 пратеник и НЕМОЖНОСТ за поставување услови од Албанскиот коалиционен партнер…

Е ПА ВИЕ ВО ЦК ЧИТНЕТЕ ГИ ЗАПИСНИЦИТЕ!! Во политиката потребна е визија и гледишта кои гледаат десетина години, пишува Гроздановски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Над 470 милиони денари за нови…

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во изминатиот период…

ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…

Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по…

Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и…

ВМРО-ДПМНЕ: Пред да биде предоцна, Филипче да…

Венко Филипче е во специфична психолошка состојба,…

Петрушевски: Дали Филипче е пред договор за…

Венко Филипче, кој е познат како личност…