СДСМ ја пишува историјата, велат од партијата за договорот со ФРОНТЕКС
Договорот Фронтекс е потпишан во Скопје, на македонски јазик, без фусноти, во присуство на еврокомесарката Урсула фон дер Лајен и претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски. Потонаа сите бескрупулозни лаги на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски дека македонскиот јазик ќе се брише, дека нема да се именува македонски, дека секогаш ќе има некаква фуснота или додавка, соопштија утрово од СДСМ.
-Граѓаните уште еднаш се уверија дека СДСМ ја пишува историјата, како веродостоен партнер кој ја носи државата на европски пат, се додава во сооопштението.
Владеачката партија потенцира дека „ВМРО-ДПМНЕ останува антиевропска партија, која се обидува со лаги и манипулации да всее страв и несигурност, да ја поткопа довербата во институциите и вербата во Европа“.
Европската унија (ЕУ) и Македонија во средата го потпишаа договорот за соработка во управувањето со границите, Фронтекс.
Договорот беше потпишам министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, еврокомесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон, како и амбасадорот на Чешката Република, Јарослав Лудва.
Премиерот Ковачевски истакна дека благодарение на договорот е можно заеднички да се делува против заканите како што е илегалната имиграција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З…
Додека СДС очајува и ликува на неуспех,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги нарече граѓаните ИДИОТИ
СДС го проби дното и ги нарече…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДСМ против дата-центрите, дури…
ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека претседателот на СДСМ, Венко…
Петровски: Го сменија името, сега ја бараат…
*Објава на Фејсбук на Филип Петровски СЕГА…
Мицкоски: Ги враќаме долговите на СДСМ, земаа…
Ги враќаме долговите на СДСМ, земаа кредити…